ТОДОРОВА САБОТА, СО „КОЛИВО“(ВАРЕНА ПЧЕНИЦА) ГО ПРАЗНУВАМЕ ЧУДОТО НА СВЕТИОТ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ТЕОДОР ТИРОН.

WEB Телевизија во живо

Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор, односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи.
Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат, наредил сета храна по пазарите да се попрска со крвта од жртвите кои се принесувале на римските идоли.
Бог секогаш грижејќи се за своето стадо, за своите верници, го испратил светиот маченик Теодор Тирон кај претстојателот односно епископот на тој град за да го предупреди дека саботата која што следи храната која ќе биде по пазарите ќе биде осквернета, односно претходно принесена на незнабожечките богови. Патријархот поучен од светиот маченик Теодор Тирон, ги предупредил верниците, а во замена за храна оние кои што немале им укажал повторно по совет на светиот маченик Теодор Тирон да сварат пченица и со сварената пченица да се хранат оние луѓе кои за тој ден немале храна.
Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Теодор, Тео, Теодора, Теа, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).
Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.
Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, Егејска Македонија, „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќʼоде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве“.
Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н. Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило“. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку, но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата, зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *