СПЕКТАКУЛАРНА ЖДРЕПКА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ – ЧЕЛЗИ ПРОТИВ РЕАЛ

Ждрепката, одржана во седиштето на УЕФА во Нион, ги откри сите четвртфиналиња во Лигата на шампионите за оваа сезона, како и целата патека до финалето кое ќе се игра во Париз на 28 мај.
Сигурно најатрактивна четвртфинална двојка ќе биде Челзи – Реал Мадрид. Освојувачот на Лигата на шампионите од минатата сезона ќе ги одмери силите со клубот кој е најтрофеен во ова натпреварување.
Набргу по извлекувањето на четвртфиналните двојки беше извршена и ждрепката за полуфиналето. Победникот од пресметката меѓу Сити и Атлетико ќе игра против Челзи или Реал, што несомнено е многу потежок пат до финалето во однос на она што ги очекува Ливерпул и Баерн, кои ќе бидат големи фаворити во нивните четвртфинални натпревари.
Првите четвртфинални натпревари се закажани за 5 и 6 април, а реваншите се на 12 и 13 април. Полуфиналните натпревари се на 26 и 27 април, а реваншите на 3 и 4 мај.
Финалето е на 28 мај на Стад де Франс во Париз.
Лига на шампиони, четвртфинале:
Челзи – Реал Мадрид
Манчестер Сити – Атлетико Мадрид
Виљареал – Баерн
Бенфика – Ливерпул
Полуфинале:
Манчестер Сити / Атлетико Мадрид – Челзи / Реал Мадрид
Бенфика / Ливерпул – Виљареал / Баерн

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *