СОБРАНИ 48 ЕДИНИЦИ КРВ ВО УШТЕ ЕДНА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ВО СОРАБОТКА СО ЗПСК „КОЖУФ“

WEB Телевизија во живо

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија организираше крводарителска акција денеска, 30 март 2022 година во просториите на Народниот театар во Гевгелија. Акцијата беше реализирана во соработка со Здружението Планинарски спортски клуб Кожуф – Гевгелија, по повод нивниот 70-годишен јубилеј.
Во периодот од 10 до 15 часот вкупно крв даруваа 48 крводарители. На акцијата покрај членовите на ова здружение се приклучија и други хумани граѓани, а она што посебно радува е фактот што на пунктот се појавија и над 15 млади лица, а дел од нив за прв пат ја даруваа оваа драгоцена течност со која се спасуваат многу човечки животи.
По повод 17 март – Денот на крводарителството и 77 годишнината од основањето на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија на крводарителите со 5, 10, 25, 50 и 100 крводарувања им додели благодарници, признанија и плакети за нивното хумано дело.
Крводарителските акции се поттик за секој хуман човек. Со донирањето на Вашата капка крв може да спасите нечиј живот!
Честитки до сите крводарители во Општина Гевгелија.!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *