СЕ ДОГОВАРА СРЕДБА МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ВО ТУРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека преговара со Турција за можна организација на средба меѓу Владимир Зеленски и Владимир Путин, пренесува Sky News.
 
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу рече дека Зеленски и Путин би можеле да се сретнат и дека Турција со задоволство ќе биде домаќин на средбата.
Русија и нуди на Украина апсолутно прифатлива опција за договор, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.
 
„Русија и нуди на Украина апсолутно прифатлива верзија на договорот, јас сигурно знам“, рече Лукашенко, истакнувајќи дека сепак е можно Зеленски да потпише договор со Путин.
 
„Доколку Зеленски одбие да го стори тоа, тогаш верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише чин на капитулација“, рече Лукашенко.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *