РОСИЦА ШАБАНОВА, ДИРЕКТОРКА НА СОУ „БОГДАНЦИ“ : СТАНАВМЕ СОВРЕМЕНО УЧИЛИШТЕ СО МОТИВИРАНИ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Својот патронен празник СОУ „Богданци“, го прослави со свечена приредба, во Домот на културата „Бранд Петрушев, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Богданци, Блажо Шапов, го прослави својот патронен празник.
 
На почетокот, на присутните ученици, наставници и родители со пригодна реч им се обрати директорката на училиштето, Росица Шабанова. Меѓу другото, таа истакна дека во изминатите 15 години, СОУ „Богданци“ стана училиште во кое секојдневно преку современ образовен процес, се создаваат успеси што ги охрабруваат учениците, како и наставниците да бидат истрајни и мотивирани во нивната секојдневна работа. Овие успеси освен што не радуваат и потврдуваат, создаваат и обврска за сите нас, учениците, наставниците и родителите да продолжиме и натаму во нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат најважни.
 
На најдобрите ученици кои учествуваа на објавениот литературен конкурс им беа доделни награди, и тоа за освоено прво место ученичката Божица Јакимова под менторство на наставникот Верица Ризовска, за второ место ученичката Сара Тенеќеџиева под менторство на наставникот Ковилка Енџекчева и за трето место ученичката Анета Стамкова под менторство на наставникот Ивана Димовска.
 
Директорката Шабанова додели пофалници и признанија и на наградените ученици и нивните ментори во учебната 2020-2021 и учебната 2021-2022 година на меѓународни и државни натпревари во различни области.
 
Божица Јакимова и Миливоје Милосављевиќ за освоен златен медал на Меѓународен натпревар „Математика без граници“ под менторство на професорот Дијана Узунова.
 
Ученичката Божица Јакимова под менторство на професорот магистер Марика Лисичкова, за освоено второ место на Државниот натпревар по биологија, го повикувам менторот да го прими признанието.
 
Под менторство на професор магистер Марика Лисичкова тим од ученици во состав: Стефан Коцев-режија, Мартин Илиев-камера, Борјан Ѓошик, Александра Манчева, Александра Јанкулова-текст,Цветанка Атанасова-музика, Јована Митева, Михаил Чекрлиќ-техничка поддршка, Актери-Кристина Ѓорчевска, Мартин Димов, Моника Иванова, Благица Гајдаџиева, Магдалена Спасовска, Викторија Биновска, Моника Станковиќ, Екатерина Шутарова, Стефанија Костова, Катерина Бајлозова, Јована Митева добија 3-та награда –Бронзен медал во категоријата Најдобар филм на Образовното рандеву 2021 год.
 
Ученичката Габриела Костевска доби прва награда на литературниот конкурс организиран од Фондација Никола Кљусев со подршка на Министерството за културапод менторство на професор Верица Ризовска. Ученичката има добиено и 3-та награда- Бронзен медал, на Образовното рандеву 2021 год. во категоријата Интервју за работа на македонски јазик под менторство на професор Верица Ризовска, под исто менторство втора награда доби ученичката Магдалена Алексовска од Агенцијата за супервизија на осигурување и ученичката Ана Кристина Стамкова доби прва награда од здружението САНО
 
Ученичката Ирена Станчева доби втора награда – Сребрена плакета од Меѓународниот Славјански универзитет под менторство на професор Ивана Димовска, под исто менторство доби и ученичката Софија Ичкова која беше наградена со прво место на конкурс за најдобар есеј.
 
Ученикот Крсте Демерџиев беше награден за најдобар есеј од Универзитетот „Гоце Делчев“ под менторство на професор Благица Прочкова, под исто менторство ученикот доби и трета награда –Бронзен медал на Образовното рандеву 2021 г.
 
Училиштето континуирано со години учествува на TRASH FASHION каде што традиционално со моделите изработени од страна на проф. Весна Ристовска ги освојуваме првите награди. Ја повикуваме професорката заедно со ученичките Стефанија Ангова, Цветанка Атанасова и Габриела Костевска да ја примат пофалницата. Креацијата што ја носи ученичката освои прва награда на тема Суперхерои во 2020 година.
 
Ако за просветниот работник, ученикот е во центарот на вниманието, тогаш центар на вниманието на општеството заслужуваат да бидат просветните работници од кои зависи успешноста на сите останати професии и области во тоа општество.
 
СОУ „Богданци“ веќе традиционално ги наградува и истакнува вработените за придонесот во воспитно-образовната работа за своето 15-годишно работно искуство.
 
По тој повод директорката Шабанова им додели признанија на професорите Војо Бошначки, Ристо Лазаров и Миле Џалев, како и на професорките Васа Василева, Дијана Узунова, Мирјана Тачовска, Верица Ризовска, Ковилка Енџекчева и Снежана Гогова.
Приредбата беше збогатена со домашни и странски песни во изведба на Цветанка Атанасова, Александра Митрова, Борис Ќаев и Мартин Костадинов, бендот „Трета доза“, Зорица Цилева, Билјана Дуева, Слободанка Арнаудова, како и оркестарот при училиштето под диригенство на професор Ристо Лазаров
 
Патрониот празник на училиштето е на 9-ти март, затоа што на тој датум во 2006-та година е донесена одлука на Владата за осамостојување на СОУ “Богданци” Богданци како самостоен правен субјект. Во СОУ „Богданци“-Богданци денес се одржува настава во следниве струки: гимназија, градежно-геодетска, сообраќајна струка, текстилно-кожарска струка и здравствена струка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *