ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДОКТОР ГЕОРГИ ПЕТКОВ ЗАМИНА ОД ГЕВГЕЛИЈА ДА ГО ОСТВАРИ СВОЈОТ ЖИВОТЕН СОН, ДА ГО ОСВОИ МОНТ ЕВЕРЕСТ. 

WEB Телевизија во живо

ЗА ЖАЛ, НЕГОВОТО СРЦЕ НЕ ИЗДРЖА, НО СИТЕ НАС ЌЕ НЕ ДРЖИ ВЕЧНО СЕЌАВАЊЕТО НА ДОКТОРОТ И АЛПИНИСТ СО ГОЛЕМО СРЦЕ И ДУША.
 
На 24 март 2018 година, нашиот сограѓанин, долгогодишниот член на Планинарското друштво „Кожуф”, докторот инфектолог, примариус Ѓорги Петков, тргна од својот роден град во остварувањето на својот долгогодишен сон. Да го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест, висок 8.848 метри. Го испративме заедно, ние новинарите, неговите другари, планинарите и неговите пријатели. Сите му посакавме добро време и многу среќа во неговата намера на „Покривот на светот“ да го завиори македонското знаме. Тргна заедно со уште шестмина алпинисти, под водство на Тим Моусдејл, од Катманду во Непал со надеж да биде петтиот Македонец кој ќе застане на “големиот”, Монт Еверест. Експедицијата беше предвидено да трае од крајот на март до почетокот на јуни 2018 година.
 
 Секојдневно добивавме информации до каде стигнал во неговиот поход, последно, на 19 мај ни испрати порака дека очекува во секој момент да тргне од последниот базен логор кон освојување на врвот. За жал, наредниот ден, преку Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал стигна ужасната вест дека 63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија, Георги Петков, при подготовка за последното искачување кон врвот, починал од претрпен срцев удар.
 
Доктор Петков, за жал, не го оствари својот сон, но ќе остане вечно во сеќавање на сите нас, како човек со големо срце и голема душа.
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *