ПОРАСНА ПОБАРУВАЧКАТА НА КАЛИУМ ЈОДИД НА БАЛКАНОТ, ПО ВЕСТА ДЕКА РУСИЈА ГО ПОДИГНА НИВОТО НА ПОДГОТВЕНОСТ НА СВОЕТО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ

WEB Телевизија во живо

Во екот на воената криза во Украина и веста дека Русија го подига нивото на подготвеност на своето нуклеарно оружје, многу граѓани од регионот станаа свесни за потенцијалната опасност од нуклеарна катастрофа. Затоа не е чудно што на Интернет и во аптеките се зголеми интересот за храна која би можела да биде корисна во оваа ситуација, а една од нив е калиум јодид.

Во случај на детонација на нуклеарно оружје, се јавува изложеност на радиоактивни изотопи на јод, стронциум, цезиум и многу други. Честичките можат да се населат на земја, на кожата и облеката. Јодот е специфичен по тоа што може да се инкорпорира во тироидната жлезда бидејќи е потребен за нормално функционирање на тироидната жлезда.

Вдишување на контаминиран воздух или голтање контаминирана храна и вода резултира со внатрешна изложеност на радиоактивен јод што претставува ризик за тироидната жлезда.

Калиум јодидот може, доколку се испие  кога лицето е изложено на радиоактивен јод, да ја блокира или намали акумулацијата на радиоактивен јод во тироидната жлезда.

Калиум јодид (јод во таблети) има заштитен ефект врз тироидната жлезда само во одреден временски период кога ќе се  појави  радиоактивен облак. Внесувањето на калиум јодид во деновите и неделите пред потенцијална нуклеарна катастрофа нема да има никаков позитивен ефект, всушност, поверојатно е да се појават несакани ефекти.

Внесувањето на калиум јодид во организмот треба да биде прецизно дозирано од експерти и врз основа на планови за итни случаи. Дозите се поделени по време според возрасната категорија и радиусот на местото на удар.

Не земајте калиум јодид самостојно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *