ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗАЕДНО СО ОПШТИНИТЕ ДОЈРАН, ДЕМИР КАПИЈА, КРУШЕВО И ОХРИД ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ НА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД.

WEB Телевизија во живо

На својот фејсбук профил, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски напиша дека од 24 до 27 март во Белград ќе се одржи саем за туризам на кој ќе бидат претставени општините Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Крушево и Охрид на изложбен простор на 60 квадратни метри. На саемот ќе бидат и претставниците од четирите комори за туризам СКТМ, НУК, ХОТАМ и ССК, а се очекува повеќе од 65 најавени туристички агенции, туроператори и хотелиери кои ќе не посетат.
На 24 и 25 март ќе се одржат Охридска и Дојранска вечер, а ќе има и презентација на повеќе атракции и форми на туристичка понуда. Се очекува силна поддршка на иницијативата Отворен Балкан како една туристичка дестинација.
-Решени сме сите заедно да ја достигнеме целта од 2,5 милиони ноќевања и зголемување на странските туристи за 25 отсто во 2022 година со повеќе од 400 милиони долари во македонската економија. Време е да се оддолжиме на државата за се што направи во последните години за туризмот во Македонија, напиша на фејсбук директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *