ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА 5 СТУДЕНТИ НА ОПШТА МЕДИЦИНА.

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија објави Конкурс за доделување 5 стипендии на жители на општина Гевгелија- студенти запишани на Медицинските факултети во државата (кои имаат запишано 1 семестар) во студиската 2021/2022 година. Право на аплицирање имаат студентите кои се запишани на отсек Општа медицина. Крајниот рок за поднесување на пријавите со потребната документација е 8 април, 2022 година, до 16:00 часот, во Архивата на Општина Гевгелија или по пошта, адресирани до Општина Гевгелија, ул. „Димитар Влахов“ бр.4, 1480, Гевгелија, со назнака „Конкурс за доделување стипендии на студенти на Општа медицина“.
 
Конкурсот е распишан од страна на Комисијата за образование, култура и спорт, по донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за доделување стипендии на студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети во академската 2021/22 година, а на предлог на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 месечно, за 10 месеци во академската година. Средствата ќе бидат обезбедни од Буџетот на Општина Гевгелија, а ќе се доделат согласно потпишаниот договор за стипендирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *