ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ НАЈСОФИСТИЦИРАН АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ТОМОГРАФИЈА

WEB Телевизија во живо

Општата болница со проширена дејност во Гевгелија го доби најсофистицираниот апарат за компјутерска томографија од производителот „Филипс“, како резултат од соработката со Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, изјави денеска за ТВ Нова 12 директорот на Општата болница, др. Митко Крџев. Апаратот , кој е еден од најсофистицираните томографи кои постојат на пазарот и е во вредност од 200.000 евра е веќе монтиран во Одделот за Рентенологија каде претходниот месец беше адаптирана специјалната просторија каде што во иднина ќе се вршат скенирањата на пациентите.
 
Во наредниот период, вели директорот Крџев, ќе се одвива и едукација на медицинскиот персонал од Рентген одделот во Институтот за радиологија во Скопје, и тоа специјалистите ренгенолози, др. Нако Поп-Ристов и др. Саше Ризов, како и радиолошките технолози Мери Јованиќ, Никола Стратров, Невенка Пенова Лазаровска, Ѓорѓе Ников и Сашо Шопов.
 
Потоа ќе следува и субспецијализација на ренгенолозите за што подобро и поквалитетно „толкување “ на снимките добиени од компјутерската томографија.Се надевам, вели д-р Крџев дека овој процес ќе биде завршен во оптимален временски рок и дека овој КТ апарат ќе го ставиме во функција за околу 2 месеци. Со тоа ќе ја постигнеме крајната цел а тоа е да оваа многу важна дијагностичка постапка биде достапна како за нашите специјалисти од различни области, а уште повеќе за граѓаните од општина Гевгелија и пошироко кои ќе нема потреба да патуваат за вакво снимање од еден град до друг.
 
Инаку, на овој апарат за компјутеризирана томографија , според зборовите на специјалистот рентгенолог , др. Нако Поп- Ристов ќе можат да се прават 128 пресеци, или стручно кажано слајсови, и да се скенираат главата, градниот кош, крвните садови, како и срцетото и абодменалните органи. Значи, вели Поп- Ристов, со овој апарат ќе може да се стави акцент на прецизна медицинска дијагностика на човековото тело по системи, што би значело рано откривање на одредена состојба и брзо излекување на пациентот.
Компјутерската томографија ( KT ), вели Нако Поп-Ристов, претставува современа метода за тридимензионална визуелизација на внатрешноста на телото вклучувајќи ги внатрешните органи, крвните садови и коски.
 
Компјутерскиот апарат со помош на рентген зраци ( јонизирачко зрачење ) процесира серија од слики ( детален надолжен и напречен приказ ) кои му овозможуваат на докторот јасно да ги види и разграничи здравите од заболените ткива.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ НАЈСОФИСТИЦИРАН АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ТОМОГРАФИЈА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *