Децата кои ги посетуваат часовите по глума во ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а под раководство на Катица Џишева Дупарова вака ни го честитаа Меѓународниот ден на театарот.
Денес носиме на лице само среќна маска Среќен светски ден на театарот! Оправдано отсутни: Сара, Софија, Даниел, Ели, Милена, Георгина, Благоја, Бојан, Анастасија, Јована, Димитар, Марија, Јована, Снежана, Костадин, Александра, Марија и Михаела.
Театарот и покрај се, ќе го преживее и ова, оваа подмолна болест, како што досега преживувал беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури.
И, затоа, во овие денови,ние сите сме актери: во глобалниот театар, во оваа здравствена трагедија која се одвива пред нашите очи, ние сите се учиме да го видиме тоа што е очевидно но не го гледаме, бидејќи немаме навика да гледаме. Затоа, да гледаме, и да паметиме. Затоа што кога ќе помине и оваа „апокалипса“, повторно ќе му се вратиме на Театарот, како режисери, како глумци, како писатели, како сценографисти, како гледачи.
Бидејќи театарот има улога, благородна улога во витализирањето и мобилизирањето на хуманоста за да се подигне себеси од спуштањето кон бездната.