НА 7-МИ И 8-МИ МАРТ 1931 ГОДИНА РАЗУРНУВАЧКИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ГЕВГЕЛИСКО – ВАЛАНДОВСКОТО ПОДРАЧЈЕ РЕГИСТРИРАНИ ДУРИ И ВО НОВ ЗЕЛАНД.

WEB Телевизија во живо

Главниот удар од 8 март 1931 година е регистриран од бројни сеизмолошки станици ширум светот, од кои најоддалечената е на 18.000 километри од Валандово, станицата во Велингтон (Нов Зеланд).

Најтешко погодени, односно срамнети со земја биле селата: Пирава, Јосифово (Караѓорѓево), Валандово, Балинци, Брајковци, Грчиште, Удово, Градец, Миравци (Миронче), Милетково, Ѓавато, Демир Капија, Давидово, Благуш и Смоквица.

Посебно тешко биле оштетени селата Богородица, Стојаково, Богданци, Негорци, Моин, Кованци, Коњско, Серменин (Терменин) и Хума во кои сите објекти биле напукнати, а имало и доста срушени.

Деветте земјотреси со магнитуда меѓу 4.0 и 6.7 се случиле во ова епицентрално подрачје за само два дена, на 7 и 8 март 1931 година . Едниот од нив воедно е и најсилниот досега познат земјотрес во овој регион, со магнитуда од 6.7 степени и длабочина на хипоцентарот од околу 16 km.

За време на земјотресот од 1931 година биле оштетени околу 45 населени места, од кои 29 во најтесното епицентрално подрачје (претежно регионот на Валандово) и 16 во неговата непосредна околина . Во самото епицентрално подрачје скоро целосно биле уништени 89 % од севкупниот градежен фонд, додека во непосредната валандовска околина се уништени 39 %.

Земајќи ја предвид големината и просторната дистрибуција на оштетувањата, бројот на човечки жртви и повредени не бил сразмерно висок. Во овој земјотрес загинале 31, а биле повредени 82 лица. Малиот број на човечки жртви и повредени се должи на двата помали земјотреси кои му претходеле на главниот удар алармирајќи му на населението да ги напушти објектите, овозможувајќи поголемиот дел од населението да го дочека главниот земјотрес надвор од објектите.

Силниот удар бил причинител и на оштетувања на теренот и природната околина, јасно изразени преку деформации на железничката пруга , значајни површински пукнатини во земјиштето , рушење на карпести маси , појава на подземни води – извори и на места значајни денивелации на теренот.

Во епицентралното подрачје скоро сите бунари со питка вода се наполниле со жолтеникава и матна вода. Нивелманот извршен во 1933 година укажа дека, освен наведените површински терестријални промени, котлината на Валандово е спуштена за 40+ сантиметри.

Забележано било преполнување на базените во Негорските бањи за време на главниот удар, но и покачување на температурата на водата за 4 степени (од 36 на 40 °C), која се вратила на својата нормална температура дури после 10-12 дена. За разлика од оваа бања, бањата кај Струмица после главниот удар скоро целосно пресушила. После скоро 5 недели водата повторно почнала да се враќа во бањата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *