„MYSTIC DANCE“ ГЕВГЕЛИЈА СЕ ВРАЌААТ ОД „DENS FEST NOVI SAD 2022“ СО ЧЕТИРИ НАГРАДИ

WEB Телевизија во живо

По подолго време Mystic Dance Gevgelija им се врати на меѓународните танцови натпревари. Членовите на танцовото студио “Мистик” од Гевгелија викендот учествуваа на Денс фест во Нови Сад. После две години пауза, најголемиот танцов натпревар на Балканот повторно ги собра танцовите студија во регионот. Мотивирани, со добра енергија, во разиграна атмосфера децата од Гевгелија се враќаат со четири награди
Мини деца – хипхоп група – Прво место
Деца – хипхоп група – Второ место
Јуниори – хипхоп група – Трето место
Јуниори 2 (среднисти) – Трето место
 
Нивниот тренер Александар Аврамов изрази голема благодарност за поддршката на Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија како и на сите родители и останати членови на студиото. Браво за нашите натпреварувачи кои не потсетија како изгледаше да се биде на пиедесталот!
 
Оваа година на Денс фест Нови Сад, покрај студијата од Македонија и домаќинот Србија, учествуваа и повеќе студија од БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Грција, Романија и Бугарија.
 
Танц фест Нови Сад е светски танцов фестивал кој го слави квалитетот и различноста на танцовите стилови преку настап во живо и работилници. Целта на фестивалот е да создаде услови за промоција на млади таленти, млади автори, размена на идеи и поддршка на уметниците во танцовата уметност. Сите учесници имаат можност, покрај танцот, да го промовираат своето национално наследство, традиција и култура

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *