МАКЕДОНСКО-ТУРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА ПОДОЛГО ВРЕМЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА СЛОБОДНАТА ЗОНА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На седницата на Управниот одбор на МАТТО (Македонско-Турската Стопанска комора) на која присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, беше истакнато дека МАТТО се обидува веќе подолго време да најде решение за слободната зона во Гевгелија, која преку моделот на јавно-приватно партнерство очекува да и биде доделен.
Како што е познато, во декември 2021 година, Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ најави дека Технолошко-индустриската зона во Гевгелија ќе стане првата зелена инвестициска зона во земјата што ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии и ќе функционира како јавно-приватно партнерство. Во оваа зона првпат се отвора можност и за инвестиции во здравствениот сектор.
Со овој нов модел, беше кажано тогаш, се очекува да се вложат 120 милиони евра во инфраструктурата и развој на зоната во Гевгелија и да се поттикнат инвестиции во обем од 400, како и да се отворат над 3.000 работни места. Моделот предвидува земјиштето да го добие оној што ќе понуди највисоки приходи за државата, за граѓаните. Платите првпат во вакви договори за ЈПП имаат значајна улога. Ова е и тест на новиот концепт на ТИРЗ, кој веќе не се базира на тоа дека Македонија е земја на евтина работна сила, туку инвестициска дестинација за висококвалитетни инвестиции.
Според овој модел, зоната во Гевгелија предвидува и можност за развој на здравствена економска зона, која би била прва ваква и во земјата, но и во регионот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *