МАКЕДОНСКИ ШАМПИОНАТ ВО „MATCH POKER“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Финалето на првенството ќе се одржи денеска, недела, 13-ти март во Аполонија хотел & казино Гевгелија, а победничката екипа директно ќе учествува во Шампионската лига спонзорирана од IFMP наредниот октомври.
 
Дополнителен стимул за играчите е тоа што најдобриот играч во лигата ќе биде дел од Македонската репрезентација за Европското првенство идниот септември.
 
Како што изјави за ТВ Нова 12, Претседателот на Македонската покер федерација, Мајк Попгонофф, кој по потекло е од Богданци, а живее во Шведска, за прв пат во Македонската историја ќе се одржи екипно првенство во покер, во организација на Македонската Покер Федерација , а учество ќе земат 6 екипи, Младост Ацес, Вардар старс, Фаланга Скопје, Виа Игнација Кингс, Пелагонија Иглс и Брегалница Лајнс
 
Генерален спонзор на лигата е Skalar graphic design, а партнери се ERA cosmetics и Мима покер. “MATCH POKER” е варијанта на покер кој веќе 4 години е признат за мисловен спорт во светски рамки.
 
Македонската Покер Федерација е регистрирана како спортско здружение во централниот регистар на Република Македонија во ноември 2011 година. МПФ е прифатена како спортска организација од Македонскиот Олимписки комитет во 2017 година. 
 
После успешните квалификации во 2021 година, Македонија за прв пат ќе учествува на светското првенство 2022 година, за кое, вели Попгонофф, постојат големи шанси да се одржи во Македонија, поточно во Гевгелија
 
Имено, паради корона пандемијата минатата година беше одложено светското првенство кое требаше да се одигра во Лима (Перу). Во меѓувреме домаќинот на Европското првенство во 2017 Лондон, на кое што победи Ирска, поднесе своја кандидатура и е најголемиот кандидат да биде домаќин на овој настан. Единствениот “проблем” кај Лондон е што некои репрезентации од Азија како Казахстан, Монголија и Индија се соочуваат со проблеми околу обезбедувањето на визите, што пак е шанса за нас бидејќи во меѓувреме и МПФ поднесе кандидатура која пробуди сериозен интерес кај челниците на IFMP земајќи го во обзир збиениот календар на настани годинава (Светско и Европско првенство, Шампионска лига).
 
Веќе е најавена и посета на Македонија од официјална делегација на IFMP на чело со претседателот Патрик Нали, која во текот на април, 2022 ќе ја посети Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *