ЛАЗАР МЕШКОВ:

WEB Телевизија во живо

НА ОВОЈ ДЕН ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ШТО ДАЛЕ ДОПРИНОС ВО РАБОТАТА НА ОО НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И НА КРВОДАРИТЕЛИТЕ ЗА СЕКОЈА ДОНИРАНА КАПКА КРВ

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија по повод Денот на основањето на Црвен крст на и Денот на крводарителството на 30.03.2022 година (среда), во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе организира граѓанска крводарителска акција.
Акцијата ќе се одвива во просториите на Народниот театар во Гевгелија, во периодот од 10 до 15 часот. Како што не информираше секретарот Лазар Мешков, при тоа на 17 најуспешни граѓани и крводарители ќе им се доделат признанија и благодарници.
Исто така, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија по повод Денот на основањето на Црвен крст и Денот на крводарителството– 17 март, објавува ЛИТЕРАТУРЕН И УМЕТНИЧКИ КОНКУРС на Тема
“Што за нас значат боите на Црвениот крст”
Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта од општина Гевгелија, Богданци и Дојран.Краен рок за доставување на творбите е 31 март 2022 година.
За најдобро рангираните творби следуваат парични награди, соодветно:
– I награда: 3000 денари
– II награда: 2000 денари
– III награда: 1000 денари
По повод 17 март – Ден на основањето на Црвен крст на Република С.Македонија и Ден на крводарителството, на фејсбук профилот на Црвениот крст Гевгелија, секретарот Лазар Мешков во име на Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија им се заблагодари на сите граѓани, членови, волонтери, лица, поединци и организации кои дале поддршка и оставиле белег во работата на Црвениот крст.
Вие сте силата која го движи светот, вие сте столбот на армијата на хуманоста, вие сте зракот на сонцето онаму каде е најпотребно.
Почитувани крводарители, Ви благодариме и на сите вас, за секоја донирана капка крв, за секој спасен човечки живот.
Ви благодариме за посветеноста и храброста која многупати досега се покажала на дело.
Воедно, ги повикуваме и сите лица, кои сакаат да даруваат крв и да придонесат за спас на нечиј живот да го направат тоа на некоја од следните крводарителски акции во општина Гевгелија.
Можно е да е слика од 17 луѓе и луѓе што стојат

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *