КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ОЦЕНИ ДЕКА ОДБИВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ДА ГО РЕГИСТРИРА ОМО ИЛИНДЕН Е НЕОПРАВДАНО.

WEB Телевизија во живо

По уште едно разгледување на спроведувањето на пресудите и одлуките на ЕСЧП, Комитетот на министрите на Советот на Европа оцени дека одбивањето на Бугарија да дозволи регистрирање на ОМО Илинден (и да ги спроведе пресудите на Судот) е неоправдано. Европскиот суд досега има донесено шест пресуди во корист на ОМО Илинден, но ниту една не е спроведена. Сепак, Комитетот побара од Бугарија информации за повеќе прашања наведени во заклучоците до 30 септември 2022 година, со кои би се покажал конкретен напредок во однос на поединечните мерки, и одлучи да продолжи со испитувањето на оваа група случаи на нивниот состанок во декември 2022 година.

– Комитетот изрази длабока загриженост поради фактот што речиси 16 години по првата правосилна пресуда во оваа група, на здруженијата што имаат цел „да го постигнат признавањето на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрација и дека тоа во моментов изгледа главно поради поширок проблем на неодобрување на нивните цели – се вели во заклучоците на Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Официјална Софија со години настојува прашањето на македонското малцинство во Бугарија да го направи невидливо за европските правни и политички институции, аргументирајќи со конструкцијата на бугарскиот устав, според кој малцинските права биле регулирани како индивидуални, а не како колективни права, поради што наводно и не ги спроведува пресудите на ЕСЧП.

Но, она што загрижува уште повеќе е фактот што Македонската држава се нема придружено на случаите, односно на тужбите на македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, додека бугарската држава тоа го имаше сторено во случајот „Радко“, во кој македонски граѓани со бугарска самосвест се жалеа за нарушени граѓански права од страна на државата Македонија. Таа единствена пресуда од ЕСЧП е спроведена од страна на Македонија, додека Бугарија нема спроведено ниту една од 15-16 пресуди во корист на македонските здруженија во таа земја, изречени од истиот суд, повеќе од 20 години.

Неоправданата оцена за непостапувањето на Бугарија по пресудите на ЕСЧП е на некој начин „предупредување пред исклучување“ од Комитетот на министрите, со што дава сигнал за одлучна дипломатска акција за почитување и спроведување на пресудите и одлуките на Судот од Стразбур.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *