И ОФИЦИЈАЛНО, МАКЕДОНИЈА, ГЕВГЕЛИЈА И ХОТЕЛ „АПОЛОНИЈА“ ДОМАЌИНИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО МАТЧ ПОКЕР

WEB Телевизија во живо

На вчерашниот состанок во просториите на IFMP во Лозана беше донесено решение Македонија, градот Гевгелија и хотелот „Аполонија“ да бидат домаќини на светското првенство во матч покер со учество на 16 репрезентации од Европа, Азија и Америка.
 
Првиот светски шампион е Германија од првенството во Лондон 2011, а последниот Украина од првенството во Киев 2019.
Заради војната во Украина сеуште не е јасно дали светските шампиони ќе учествуваат на овој шампионат или ќе бидат заменети со европскиот шампион Ирска или некоја друга држава од Европскиот континент.
 
Во секој случај ова е големо признание за Македонија и МПФ која упорно лобираше нашата држава да биде домаќин на едно големо натпреварување како што се Европското или Светското првенство во овој, веќе пет години, мисловен спорт.
Македонија после успешните квалификации минатата година за прв пат ќе учествува на светско првенство и нескриена е желбата кај нашите играчи за освојување на медал.
Задоволството во Македонската покер федерација е огромно и претседателот на МПФ Г-динот ПопГонов после состанокот со градоначалнокот на Гевгелија Г-динот Сарамандов изјави дека Македонија, Гевгелија и Аполонија хотел, казино & Спа ќе бидат одлични домаќини на овој светски спектакл кој ќе се одржи од 23ти до 27ми Mај годинава!
 
Ги прашавме и македонските репрезентативци кои се нивните очекувања од ова Светско првенство?
– Да, за првпат, Македонија успеа да се пласира на светското првенство во Меч покер. Сите во репрезентацијата се одлични играчи, неколку од нив се професионални играчи. Напорно се подготвуваме за светското првенство, атмосферата е мотивирачка, позитивна, и како и секогаш одиме на победа.
Најновата вест е дека Македонија ќе биде домаќин на светското првенство. Тоа е многу добра вест за нашата држава. Дали домашниот “терен” може да биде предност?
– Домашниот терен може да биде предност, “теренот” ни е познат, но пресудна улога ќе има нашата игра, имаме тешки противници.
Нашето мото е: кога веќе учествуваш – победи. Македонија, одиме на победа.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *