ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ СЕ СОГЛАСНИ ДЕКА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ЕКОНОМИЈАТА И ИНФРАСТРУКТУРАТА ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИОРИТЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

WEB Телевизија во живо

На последната седница на Југоисточниот плански регион се разговараше за потребите на сите 10 општини. Градоначалниците се сложија дека приоритет се екологијата, економијата, инфраструктурата, како и развој на туризмот

Во меѓувреме, на 10 март, Центарoт за развoј на Југoистoчниoт плански региoн вo рамките на прoектoт “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – II фаза“ поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, започна со реализација на првиот циклус на Регионални форумски сесии и тоа по две Програми:

– Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ и
– Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на МЛС/БРР.

  • Центарот за рагионален развој доби грантова шема за стратешки развој на регионот во износ од 300.000 швајцарски франци.

На форумот беа разгледани стратешките приоритети согласно стратегијата за развој на регионот: 2021-2026 година.

  1. Економија, инвестиции и пазар на труд,
  2. Транспортна инфраструктура,
  3. Образование, социјална и здравствена заштита,
  4. Земјоделство и рурален развој,
  5. Заштита на животната средина

Учесниците на форумот гласаа за приоритетите:

Првиот – доби 25 гласови,

Вториот – доби 22 гласови,

Третиот – доби 11 глсови

Четвртиот – доби 18 гласови и

Петиот – доби 34 глсови.

 

Понатаму беа формирани работни групи, тркалезни маси:

  • Екологија;
  • Инфраструктура;
  • Еко –туризам;
  • Образование;
  • Туризам.

Секоја од овие групи ги промовираше нејзините концепти, притоа групите се надополнуваа во искажувањата.

 

На крајот беше заклучено дека се неопходни најмногу три концептни решенија за грантовата шема (<3) и за апликацијата од бирото за регионален развој за развој на планските региони, од три до 5 концепти (3-5).

Во меѓувреме за концептите, ќе се дискутира на Советот на градоначалници на ЈПР.

Наредниот форум ќе се одржи од 24 до 29 Април, 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *