ГОДИШНА ПАТАРИНА ЗА ЕДЕН ВРАБОТЕН КОЈ ПАТУВА СЕКОЈДНЕВНО ОД ГЕВГЕЛИЈА ДО СКОПЈЕ Е ОКОЛУ 3000 ЕВРА, А ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ ДВИЖИШ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ГОДИШНО ЗА 40 ЕВРА. 

WEB Телевизија во живо

Во Македонија, наместо нови патишта, речиси секојдневно никнуваат нови патарини. Ги има вкупно 18 на различни патни делници, кои наплатуваат од 30 до 100 денари. За возење од Гевгелија до Скопје и назад, што е вкупно 300 километри, треба да платите 720 денари за сите патарини. Тоа се неверојатни 40 отсто од сумата што ќе ја одвоите за гориво во двата правци. А, каков е квалитетот на нашите патишта, многумина велат дека воопшто и не треба да плаќаме патарини. Логично се поставува прашањето каде одат парите од Патарините?
Затоа, речиси најголемиот број од анкетираните возачи се на мислење дека е потребно воведување на вињетки, по примерот на другите држави. Како пример ја земаат Швајцарија. Таму, со купена вињетка можете да се движите цела година низ целата земја за само 40 евра. А, кај нас, еден вработен кој патува секојдневно, на пример од Гевгелија до Скопје, за патарини треба да одвои 3.200 евра годишно. Разликата е драстична.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *