ГОДИНАВА ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ СЕ БОРАТ СО ДВЕ ЛАРВИЦИДНИ И ДВЕ АВИОНСКИ ПРСКАЊА.

WEB Телевизија во живо

На 6 седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион, која се одржа во Струмица, под претседателство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сараманадов, беше расправано за повеќе актуелни прашања од интерес на 10 општини во ЈИПР. Советот донесе одлука годинашното третирање против комарци да биде повторно во рамките на ЈИПР. На подрачјата на 10-те општини ќе бидат реализирани две ларвицидни прскања и 2 авионски прскања против возрасни комарци.
За разлика од минатата и предминатата година кога дезинсекцијата против возрасни комарци се извршување теристички, односно по земјен пат. Оценувајќи дека авионското прскање во претходните години се покажало поефикасно. Градоначалниците побараа да се интензивира спроведувањето на постапката и навремено да се отпочне со третманите заради поголема ефикасност во заштитата на граѓаните во ЈИПР од комарци.
Што се однесува до дератизацијата, Советот за развој на ЈИПР донесе одлука секоја општина самостојно да ја организира. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, информираше дека во тек е тендерската постапка, а по склучување на договорот со фирмата која ќе даде најповолна понуда, ќе биде спроведена на подрачјето на општина Гевгелија. Советот, исто така, расправаше и по други прашања од делокругот на неговото работење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *