ЕДНО ПРВО, ДВЕ ВТОРИ И ЕДНО ТРЕТО МЕСТО ЗА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА 4 -ОТ КАВАДАРЕЧКИ ПОЛУМАРАТОН

WEB Телевизија во живо

Во организација на Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко денеска во Кавадарци се одржа 4. Кавадаречки полумаратон под мотото “Го сакам Кавадарци”. На оваа интересна градска трка учество зеде и дваесетчлената екипа на АК„7-ми Ноември од Гевгелија, и тоа во сите три трки, на полумаратонската, на 10 и на 5 километри.
 
Од Кавадарци тркачката експедиција од Гевгелија се враќа со едно прво, две втори и едно трето место.
 
Атанас Епов го освои првото место во трката на 5 километри во машка конкуренција а Цеца Србова беше втора во женска конкуренција.
 
Интересно, во првите десет места на 5 километри во машка конуренција, се најдоа тројца атлетичари од гевгелискиот клуб, освен Атанас Епов, на 5-то место се пласираше Тодор Анчев, додека 9-то место го освои Никола Ковачев
 
На 10 километри второто место го освои Ристо Чалков, во машка конкуренција, додека, во полумаратонската трка кај жените, во групата +40, третото место го освои Валентина Узунова.
 
Во полумаратон настапија Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчо Андоновски и Николчо Ѓорѓиев, на 10 километри трчаа Ангел Арнаудов, Благојче Темелковски, Живко Петков, Ангел Делиќ, Драган Ристов, Димче Андреев, Мики Петровски, Стојан Делев, Дарко Прошевски и Ристо Чалков, додека во трката на 5 километри се такмичеа Цеца Србова, Никола Нанчев, Атанас Епов, Русимка Динева, Никола Ковачев и Тодор Анчев.
 
Се трчаше во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката беше кружна, а еден круг беше во должина од 2.5км.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *