ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА. МАКЕДОНЦИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ НА БАЛКАНОТ

WEB Телевизија во живо

Освен што е прв ден на пролетта , денес е светскиот ден на среќата. Предлогот за одбележување на Светскиот ден на среќата секој 20 март беше прифатен едногласно во ОН – сите 193 земји-членки гласаа за и ја усвоија резолуцијата 66-281.
Целта е да се подигне свеста за важноста на потрагата по среќа и благосостојбата на светското население, имајќи предвид дека стремежот за среќа е основна човечка цел . Резолуцијата препорачува правилен и избалансиран економски раст заснован на одржлив развој.
 
Идејата за Светскиот ден на среќата е на претставниците на ОН на Кралството Бутан. Таму, во подножјето на Хималаите, кои се лулка на многу квалитетни глобални духовни движења, во 70-тите години на минатиот век воведоа нова мерка за национален просперитет што не се мери со материјалното богатство, туку во смислата на среќата на луѓето, позната како бруто национална среќа, искоренување на сиромаштијата и промовирање на среќа и просперитет за сите народи.
 
Со освоеното 89-то место меѓу 146 земји, Македонија е убедливо најнесреќната земја во регионот според „Извештајот за среќа во светот“, публикација на Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН која се базира на податоците од глобалните анкети.
Сите поранешни југословенски републики се далеку пред Македонија, така што Словенија е на 22 место, Србија на 43, Хрватска на 47, Босна и Херцеговина на 67 и Црна Гора на 75 место.
 
Притоа, Финска е прогласена за најсреќна земја по петти пат по ред, додека следуваат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *