ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БАБАТА, ПРЕГРНЕТЕ ЈА, ЗОШТО ТАА Е НАЈВАЖНИОТ ДЕЛ ОД ВОСПИТУВАЊЕТО НА НАШИТЕ ДЕЦА.

WEB Телевизија во живо

Ако овие денови не сте и кажале убав збор или прегратка на вашата баба, тогаш е вистинско време да им дадете љубов и внимание денес. Затоа што денес им е празник, Денот на бабата!
 
Бабите се најважниот дел од воспитувањето на нашите деца, бидејќи во најголем дел од времето тие се оние кои се грижат за своите внуци, особено што работното време на родителите се зголемува од година во година. За многу семејства, градинките или бебиситерките се невозможна инвестиција, па бабите доаѓаат на помош.
 
Многу деца ја споредуваат родителската убов со емоциите што им ги дава нивната баба. Постои верување дека љубовта кон внуче ги надминува чувствата за родените деца. Сепак, постои и друго мислење, кое вели дека љубовта е еднаква, но дека тие имаат многу повеќе време за своите внуци отколку што имале за своите деца.
Без оглед на тоа која од овие претпоставки е точна, од рана возраст, малите луѓе се приврзани за овие „најголеми луѓе“, а нивната мудрост ги следи во текот на нивниот живот
Денот на бабата полека влегува во светскиот календар за празници, бидејќи се повеќе земји го слават овој ден.
 
Денот на бабата за прв пат беше прославен во САД кон крајот на 1970-тите. Канада, Австралија, Велика Британија, Франција, Италија, Полска, Естонија, Сингапур и Тајван наскоро го вклучија одбележувањето на овој празник во националниот календар, додека Јапонија со децении го слави Денот на почитта на старите лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *