ДЕЦАТА ОД ЈОУДГ „ДЕТСКА РАДОСТ“ ИЗРАБОТИЈА МАРТИНКИ, СЕГА ЌЕ ЧЕКААТ ДА ДОЈДАТ ПРВИТЕ ЛАСТОВИЧКИ И ШТРКОВИ

WEB Телевизија во живо

Децата од сите детски градинки на ЈОУДГ „Детска радост“ од Гевгелија, заедно со своите воспитувачки и негователки, традиционално на 1 март ги изработија „мартинките“, со што и посакаа добредојде на „баба Марта“

Мартинката се става на 1 март, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Инаку таа е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка

 Се носеле за здравје, убавина, за децата да бидат бели и црвени како испреплетените црвени и бели конци, како магија против каснување од змии, заштита од молњи, а во некои случаи се испреплетувале и црвено-црни конци како заштита од вампири и демони. Црвениот конец ја симболизира крвта и плодноста, а белиот чистотата и невиноста. Нивната испреплетеност пак го симболизира испреплетувањето на машкото и женското начело, со што се цели кон магиско обезбедување на плодноста во текот на годината. Мартинките најчесто се носат додека да се види првата ластовица или штрк и се закачуваат на првото расцветано дрво, при што се посакува здравје и среќа за себе и најблиските.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *