БАБА МАРИЈА ОД МИЛЕТКОВО ВО 1926 ГОДИНА ИЗЈАВИЛА ЗА „МАКЕДОНСКИ ПРЕГЛЕД“ ЗА ОБИЧАИТЕ ЗА ПРАЗНИКОТ МЛАДЕНЦИ:

WEB Телевизија во живо

„БОЖИЧКО, КОЛКУ САКАВ ДА ГО СОНАМ ТОЈ ШТО МИ БЕШЕ НА УМ, НО ТРИ ГОДИНИ ГО СОНУВАВ МОЈОВ ДЕДО КОЈ НЕ ГО САКАВ. СОНОТ НА ОВОЈ ДЕН НЕ Е ЛАЖОВЕН“
 
Сонот таа ноќ никогаш не лаже, верувале во Гевгелиско, се вели во еден запис од Гевгелиско објавен во „Македонски преглед“ од 1926 година, каде што е објавено и едно интересно кажување на баба Марија од село Милетково, која кога била девојка врзувала по две прачки со црвен конец и вечерта ги ставала над браздата како мовче, верувајќи дека ќе го сони момчето за кое ќе се омажи. „Три години по ред како мома правев мосчиња и трите години го сонував мојов дедо. И ми беше многу мака, зашто не го сакав, друг си имав на ум. Божичко колку сакав да го сонам тој што ми беше на ум, но не се случи. Мојов дедо го сонував и за него се омажив. Сонот во тој ден не е лажовен“.
 
Имало и други начини младите да го дознаат својот иден брачен другар. На попретки земале памук, усукувале два конца, ги ставале еден до друг и заедно ги запалувале. Ако изгореле до крај значело дека сигурно ќе се земат.
 
Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари. Тоа го правеле на различни начини.
 
Во Гевгелиско како што пишува Стефан Тановиќ вечерта спроти празникот, во мракот, девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток велејќи: „Који ми е удилен ваја вечер, нека дојде на воја мост да пумине и уф нас да дојде!“ Овие зборови ги повторувала три пати и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи.
 
 Некои пак ова гатање го правеле на следниов начин: Вечерта спроти празникот земале три стракови коприва, секој посебно го врзувале со црвен конец и го наменувале на по едно момче. Утрото викале некоја своја другарка да одбере еден страк од копривите што ќе означува нејзиното момче, идниот брачен другар.
275963150_1143595463137221_4798049668587194981_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *