АНСАМБЛИТЕ „БОЈМИЈА“ И „ЉУБОМИР ИВАНОВИЌ-ГЕЏА“ СО СВОЈОТ ВИРТУОЗЕН НАСТАП ГИ ВООДУШЕВИЈА ГЕВГЕЛИЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија им приреди прекрасна вечер на сите љубители на фолклорот во нашиот град. Се покажаа како и секогаш, добри домаќини, овој пат организирајќи заеднички концерт со КУД „Љубомир Ивановиќ- Геџа“ од Ковачевац, Република Србија.
 
На концертот одржан во Народниот театар – Гевгелија, публиката уживаше во настапот на членовите на двете фолклорни друштва. Гостите настапија со Сплет од игри од Централна Србија, Влашки игри, Игри од Југот на Србија и Шопска тројка и надигрување. Домаќините Пак ги изведоа, Повардарије, Радовишки собор, Копачија Пијанец, и Беломорски бисер.
 
Настанот беше организиран согласно протоколите за организирање настани, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Инаку, Kултурно Уметничкото друштво Љубомир Ивановиќ Геџа е формирано во 2013 година во селото Ковачевац, во близина на Младеновац, Република Србија. Во друштвото членуваат 130 членови кои се поделени во пет различни групи и секции.
 
Основните цели и на двете друштва, на Ансамблот „Бојмија“ и КУД „Љубомир Ивановиќ – Геџа“ се играта, песната, дружењето и запознавањето со културата на двата народи и нивната традиција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *