АКЦИЈА ЗА ЗАСАДУВАЊЕ НА 4.000 САДНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „CHANGEMAKERS“

WEB Телевизија во живо

Во петок, на 4 март 2022 година, Здружението „„CHANGEMAKERS“, во соработка со ЈП Национални шуми-Шумско стопанство „Кожув“ ќе организираат акција за пошумување. Како што не информираа од Здружението, акцијата ќе се спроведе на веќе подготвен терен од страна на Шумското стопанство – Кожув во близина на Новата депонија кај Ново Конско.  Од нивна страна се обезбедени и  4.000 садници на црн бор и багрем, кои ќе бидат засадени на површина од половина хектар.

Сите граѓани, Невладини организации и Здруженија кои сакаат да земат учество во оваа акција, треба да дојдат во петок, на 4 март, во 8,30 часот пред црквата во изградба кај Ново Конско. Доколку временските услови бидат неповолни, акцијата ќе биде организирана во друг термин за кој Здружението „CHANGEMAKERS“ дополнително ќе ги информира сите заинтересирани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *