ATАНАС ЕПОВ ПРВ, ЦЕЦА СРБОВА ТРЕТА НА 5 КИЛОМЕТРИ. ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ДЕВЕТТА НА 10 КИЛОМЕТРИ. АК „7-МИ НОЕМВРИ“ СО УСПЕШЕН НАСТАП НА „РОТАРИ ТРКАТА“ ВО КОЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Попладнево, сабота, 26 март, 2022, во Кочани се одржа првата Хуманитaрна Ротари трка 2022, на 5 и10 километри а во организација на Ротари Клубот Кочани-Виница.
На оваа атлетска трка, низ улиците на Кочани, со голем успех, настапија и 10 тркачи на гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“,Цеца Србова, Никола Ковачев, Атанас Епов, Живко Петков, Кристијан Прошев, Ристо Чалков, Стојан Делев, Дарко Прошевски, Мики Петковски, Валентина Узунова, Мијалчо Андоновски, и Диме Андреев.
 
Атанас Епов, во трката на 5 километри, во машка конкуренција го освои првото место со резултат од17 минути и 14 секунди, додека кај ќените, третото место го освои Цеца Србова.
Интересно е што кај мажите, меѓу првите десет се најдоа и Ристо Чалков, на четвртото место, Стојан Делев на седмото и Никола Ковачев на десеттото место.
 
Во трката на 10 километри, во женска конкуренција, Валентина Узунова го освои деветтото место со време од 51 минута и 51 секунда.
Oваа трка ja завршија 178 тркачи, 96 на 5 километри и 82 на 10. Оганизаторот им додели награди на победниците во машка и женска конкуренција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *