4-ТИ МАРТ-СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА

WEB Телевизија во живо

Денес е Светски ден за борба против дебелината. Да се спречи дебелеењето, согласни се лекарите, значи да се намали еден од најзначајните фактори на ризик за кардиоваскуларни болести (на срце и крвни садови), шеќерна болест или дијабет тип 2 и малигни болести. 

 Луѓето кои имаат зголемена телесна тежина или се дебели живеат со специфичен инвалидитет и со намален квалитет на живот. Појавата на болести кај нив е поизвесна и носи ризик од предвремена смрт.

Проблемите со вишокот килогрaми и дебелината не ги одминува и граѓаните на Македонија и, како што заклучуваат лекарите од Институт за јавно здравје – ИЈЗ, се сè повеќе присутни. Податоците на Институтот покажуваат дека 62,7 проценти од мажите и 48,4 отсто од жените постари од 18 години имаат зголемена телесна тежина. Дебели, пак се 19,6 отсто од мажите и 17,2 проценти од жените. 

Од ИЈЗ велат дека споредбените податоци од спроведувањето на Иницијативата на Светска здравствена организација – СЗО за следење на дебелината кај децата во Европа, покажуваат дека во Македонија расте бројот на деца со зголемена телесна тежина. Имено, процентот на машки деца со вишок килограми од 2010 до денес пораснал од 37,9 на 39,4 отсто, а кај девојчињата од 31,5 на 32,9 отсто. 

Лекарите велат дека многумина од граѓаните имаат информации и за здравата храна и за потребата од физичка активност, но не ги применуваат препораките. 
– Имаме малку физичка активност и т.н. седечки животен стил. Немаме доволно места за физичка активност, ниту доволно велосипедски патеки. Во исхраната неретко доминира преработената храна. Не е регулирано рекламирањето на одредена храна. Во исто време кој како сака си зборува за храната и дава препораки. И државата и здравствениот систем мора да посвети внимание на проблемот со прекумерната тежина и дебелината – вели д-р Игор Спироски од Институт за јавно здравје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *