31 МАРТ, ДЕНOT НА ПРАВОСУДСТВОТО ГО ОДБЕЛЕЖАВМЕ СО ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ТОА КАКО ДА ЈА ВРАТИМЕ РАЗНИШАНАТА ДОВЕРБА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО

WEB Телевизија во живо

МАРИЦА АВРАМЧЕВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА:

31 МАРТ, ДЕНOT НА ПРАВОСУДСТВОТО ГО ОДБЕЛЕЖАВМЕ СО ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ТОА КАКО ДА ЈА ВРАТИМЕ РАЗНИШАНАТА ДОВЕРБА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО.

Денеска е денот на македонското правосудство Денеска е денот на основањето на судовите, односно поставувањето на темелите на судството во Република Македонија. По тој повод во просториите на Основниот суд од Гевгелија се одржа панел дискусија посветена на тоа како да се врати разнишаната доверба на граѓаните во правосудството, која во овој момент изнесува само 8 проценти.
 
На панел дискусијата учество зедоа Д-р Џемали Саити, Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија, претседателката на Основниот суд во Гевгелија, Марица Аврамчева, претседателката на Подружницата на Здружението на судии на Република Македонија во Основен суд Гевгелија, Билјана Делова Николова, како и Гордана Дувњак, член на Судско-медиумскиот совет при Здружението на судии на Република Македонија.
 
Претседателката на Основниот суд во Гевгелија, Марица Аврамчева како главни индикатори за враќање на довербата во правосудството ги наведе личниот интегритет, етичноста и чесноста на судиите, како и транспарентноста и отчетноста во работењето на судиите за да може да се врати довербата во нив. Да ги тргнеме завесите од судските прозорци, рече Аврамчева, и широко да ги отвориме вратите на судовите како поттик за стекнување поголема доверба на граѓаните.
 
Д-р Џемали Саити, Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија истакна дека фактот што само 8 проценти од граѓаните имаат доверба во правосудните органи зборува за тоа дека реформите во судството не ги дадоа очекуваните резултати. Потребно е, рече тој, мобилизација на сите повикани чинители во правосудството во остварување на независноста, ефикасноста и материјалниот статус на судиите и градење на независен, ефикасен и транспарентен систем, со цел да овозможи правда за граѓаните, а со тоа и да ја зголеми нивната доверба во судството.
 
Претседателката на Подружницата на Здружението на судии во Основниот суд во гевгелија, Билјана Делова Николова во своето излагање се задржа на три главни точки, борбата на Здружението за подобрување на финансискиот статус на судиите и судските службеници, формирањљето на советодавното тело за судска етика, како и работата на судско медиумскиот совет преку кој треба да се зајакне судската транспарентност а со цел враќање на довербата кај граѓаните.
 
Членот на Судско медиумскиот совет, долгогодишната новинарка Гордана Дувњак, ја потенцираше потребата од градење што поголема доверба меѓу медиумите и судиите, тие да бидат пријатели а не непријатели, и секогаш да се во функција на објективно, транспарентно известување на јавноста за судските процеси. Како што рече Дувњак, судиите во секој момент да бидат отворени за соработка со медиумите зошто само на тој начин ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правосудниот систем.
 
На 31 март 1945 година е донесена Повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со Повелбата се основани 25 околиски судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно за поставување на темелите на судството во Република Северна Македонија.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *