ЗБОРУВАЈ ЗА ДА ТЕ ВИДАМ , СЛУШАЈ ДОБРА МУЗИКА И ПУШТИ РАДИО. ДЕНЕС Е 13 ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА РАДИОТО!

WEB Телевизија во живо

Радиото е лек за заборавот, жив потсетник, ѕвоно што нè пренесува – не само со зборови, туку и со музика и експериментален звук – во колективната меморија и заедничкото искуство на човештвото.
 
Иако многумина му предвидуваа исчезнување со појавата на телевизијата и интернетот, радиото се покажа многу жилаво .Радиото, како универзален медиум и досега и од сега на различни заедници и маргинализирани групи, и натаму нуди забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, и е составен дел од секојдневието на многумина.Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.
 
Како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.
 
Самиот ден е избран бидејќи на 13 февруари 1946 година е основано радиото на Обединетите нации. Радиото е најприсутниот масовен медиум во светот до кој, благодарение на едноставната технологија, има пристап 95% од светската популација. Според податоците на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), радио поседуваат повеќе од 75% од светските домаќинства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *