ВОЛОНТЕРИ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ПОМАГААТ ВО СИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИМЕНАТА НА СИТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОВИД-19

WEB Телевизија во живо

Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија, поради влошената епидемиолошка состојба, во соработка со Општина Гевгелија, започна со волонтерска акција во сите основни училишта и во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во општината за поголема заштита на учениците од КОВИД-19. И тоа, со вклучување на волонтери на Општинската организација на Црвениот крст, кои  им помагаат на учениците во примената на заштитните мерки од КОВИД-19 и почитување на протоколите за организирање настава со физичко присуство во услови на пандемија.

           За таа цел, од страна на Општина Гевгелија и Црвен крст- Гевгелија се изработени и едукативни постери, кои се поставени на училишните влезови, преку кои учениците се потсетуваат на заштитните мерки и на правилното движење и однесување во и надвор од училишните простории за заштита од КОВИД-19.

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *