ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЛОЗАРИТЕ – СВ.ТРИФУН 

WEB Телевизија во живо

Свети Трифун – Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи. Централниот настан се случи во црквата „Св.Петка“ во Прдејци, каде што по традиција, се одржува црковна литургија, по што следува закројување на лозјето во дворот на црквата.
 
На свеченоста присуствуваа верници и гости, меѓу кои беа и пратеничката во Македонското собрание Ангелинка Петкова и советникот во Советот на Општина Гевгелија, Слаѓана Стаменкова. Тие, во свое, и во име на Градоначалникот Сарамандов, кој не можеше да присуствува на овој чин, на присутните им посакаа годината да биде плодна за лозарите, да им донесе среќа и бериќет и изразија надеж дека лозарството и во иднина ќе претставува доминантна земјоделска гранка во општината.
 
Закројување со пригодни дружења на лозарите денес се одржаа на лозовите плантажи на „Ригоимпекс“, најголемиот производител на винско грозје и на наливно вино, како и на лозовите плантажи на „Витториа“, најголемиот производител и извозник на трпезно грозје во овој регион. 
 
Исто така, закројување имаше и на другите лозови плантажи во општината. На лозовите насади во Општината, застапени на 1.000 хектари, годишно се произведуваат над 18.00 трпезното грозје, од кое најголемиот дел се извезува, а плантажите се прошируваат. Исто така и винските сорти на грозје се традиционално застапени, со воведување на нови сорти. Општината располага со капацитет за производство на 15 милиони литри наливно вино годишно кои целосно се извезуваат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *