ВО ГЕВГЕЛИЈА, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И ВЕЛЕС ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ УКРАДЕНИ 25.000 КУБНИ МЕТРИ ДРВА ВРЕДНИ 1.000.000 ЕВРА.

WEB Телевизија во живо

Околу 25.000 кубни метри дрва се бесправно исечени, односно украдени од националното богатство во овие четири општини во последните шест години, покажува истражувањето „ Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча“, спроведено од Центарот за европски стратегии – Евротинк.
 
Ако се земе предвид цената од околу 40 евра за квадратен метар во малопродажбата, тоа значи дека вредноста на украдените дрва е милион евра.
Како пример за индолентноста на власта нека послужи фактот дека 2.380 кривични и прекршочни пријави биле поднесени од Шумската полиција и од национални шуми против дрвокрадци во последните три децении, но јавните обвинителства и судовите успеале да завршат само педесетина.
 
За Прилеп истражувачите не добиле податоци за постапување на јавните обвинителства и резултатите од работата на судовите. Во Струмица процесирани се 16 кривични предмети во последните 30 години, во Гевгелија ниту еден не бил комплетиран, а во Велес 26.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *