ВЕСНИКОТ „ВЕЧЕР“ НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1978 ГОДИНА ПИШУВА:

WEB Телевизија во живо

ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА:
„НА ТУРНЕЈАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА НАЈДОБАР И НАЈСЛАДОК ПРИЕМ ИМАВ ВО ГЕВГЕЛИЈА“
 
Нашата позната естрадна уметница Тереза Кесовија во организација на новооснованата туристичка организација „Палас“ , имаше мошне успешна турнеја низ Македонија и Косово. На десеттина концерти, во Битола, Прилеп, Штип, Гевгелија, Скопје, Приштина, Гнилане и Косовска Митровица, имаше над 20.000 гледачи.
 
„На турнејата низ Македонија најтопол прием и гостопримство доживеав во Гевгелија. Кога следниот пат одново ќе гостувам во вашата Република-ова мало место на нашиот краен југ неизоставно повторно ќе го посетам и во него уште еднаш ќе пеам со големо задоволство„-ни рече Тереза на крајот на својата успешна турнеја.
 
А, во Гевгелија, во салата на Народниот театар, таа и нејзиниот музички состав примија неброени буќети цвеќе, аплауз и бакнежи од нејзините верни обожаватели. Најдрагиот подарок Тереза го доби од тамошниот лекар, специјалист по интерна медицина, Александар Сингер, кој и подари торта направена специјално за неа, како што рече Сингер- за „неговата најмила и најсимпатична пејачка ѕвезда на светот.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *