ВАЊА МАНЧЕВА СО НАЈМНОГУ ПРОЧИТАНИ КНИГИ ОД БИБЛИОТЕКАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2021 ГОДИНА.

WEB Телевизија во живо

Професорката по македонски јазик, Вања Манчева, според евиденцијата на градската библиотека “Гоце Делчев” е читател со најмногу позајмени и прочитани книги во 2021-та година. На одбележувањето на Патрониот празник, во Народниот театар, ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, традиционално, им додели признанија за најчитатели во 2021 година на Вања Манчева, Софија Атанасова  од Милетково и Марија Ѓеоргиевска.

Професорката, за ТВ Нова 12 ни изјави:

“Пријатно сум изненадена од оваа информација затоа што читав книги не само од библиотеката “Гоце Делчев”, туку и од други библиотеки, разменувавме, позајмувавме, купувавме малку повеќе.Како професорка по македонски јазик и литература, секако дека читањето е мојата пасија. Читам од мојата четврта година и книгата е мојот секојдневен пријател дома, на патувања, на плажа. Оваа година обемот на прочитани книги е поголем заради ситуацијата во светот и бројот би бил околу 100 прочитани книги. Читав различна литература, од литература за деца и млади,до светските класици, навраќање кон веќе прочитани дела, фантастичните раскази, поезии, романси, и секоја прочитана книга беше моја стварност и во оваа предизвикувачка година.”

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *