ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ И МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ  НА „ЧУПИНО ВЕРТИКАЛ ТРЕИЛ“ ЗИМСКАТА ТРКА ВО ВИНИЦА

WEB Телевизија во живо

Членовите на АК „7-ми Ноември“ Валентина Узунова, Методија Ичев и Мијалче Андоновски, во недела, 20-ти февруари  2022 година, ќе бидат дел од 150 учесници на „Чупино вертикал“ зимската трка..

Чупино вертикал е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%.

Tрката е со должина од 5500 м и висинска разлика од 1030 м. Стартот е од центарот на с. Блатец во 10.00 часот, а финишот на врвот Чупино, Плачковицва, без временско ограничување.

Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ја обележува Виница на спортската мапа на Балканот.

Организаторите најавуваат интересна трка која ќе се одвива со запазување на сите здравствени протоколи за превенција од Ковид-19

Прогласувањето на победниците ќе биде во с. Блатец каде по завршувањето на трката ќе има топли пијалоци, и храна за сите учесници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *