УЧЕНИЧКАТА ТЕОДОРА СТАВРОВА СО СВОЈОТ ТАЛЕНТ ЈА ОСВОЈУВА ГЕВГЕЛИСКАТА ЛИКОВНА СЦЕНА.

WEB Телевизија во живо

Гевгелија одамна е позната како место од каде потекнуваат голем број на Македонски ликовни уметници, како од постарата така и од помладата генерација, кои завземаат значајно место на македонската ликовна сцена.
Овој пат сакаме да ве запознаеме со еден млад уметник, ученичката Теодора Ставрова, која иако има само 14 години, со своите ликовни творби, со сигурни чекори ита кон нејзината желба да стане познато име како на гевгелиската, така и на македонска ликовна сцена.
Теодора е ученичка во 9-то одделение во Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, а од најрана возраст желбата за сликање била присутна кај неа, и нормално било таа да стане дел од Ликовната работилница при Пионерскиот дом, односно од формирањето на оваа работилница која ја води академската сликарка Мирјана Крстева Массети. Затоа Теодора ја посочува својата менторка , Массети како најзаслужна за надоградувањето на своето познавање на уметноста со тоа што вешто и го пренела нејзиното знаење.
Ставрова инспирација за сликање наоѓа во настаните кои ја опкружуваат секојдневно. „Случките од секојдневието зачинети со имагинација ми помагаат, вели таа, да создадам свој свет кој го пренесувам на хартија. Најчесто сликам со акрилни бои, но употребувам и најразлични техники: со маслени, дрвени бои, молив…“
Освен од својата менторка, Теодора поддршка за своето сликање, и воопшто за учењето добива најмногу од своите родители, на кои , вели „можам да се потпрам во секоја ситуација“
За младата Ставрова и за нејзините дела, нејзината менторка, магистер Мирјана Крстева Массети ќе каже:
„ Ставрова поседува исклучителен талент и амбиција, како и љубов кон визуелните уметности. Преку нејзините цртежи, кои имаат модерен призвук, конзистентно следејќи ги личните пориви, таа раскажува за нејзините размисли, сонувања и перцепции за светот Нагласената индивидуалност, амбицијата, талентот, чувството за естетика несомнено наговестуваат личност на ликовната сцена во иднина.“
А, кога ја прашавме Теодора, како се гледа себе си после десеттина години, таа ни одговори:
„Прво планирам да го продолжам моето образование, најнапред во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, а потоа и на Ликовната академија. Вклучувајќи ја мојата желба да прошетам низ целиот свет, по 10 години се гледам како дипломиран уметник кој патува низ светот и ја преточува убавината на природата на лист хартија.
Да и посакаме на Теодора, со оној божји дар кој и е даден за сликање, да ги оствари сите свои соништа и еден ден да ја видиме со ликовни изложби, не само во Македонија, туку и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *