СВЕТИ ТРИФУН – ЗАШТИТНИК НА ЛОЗАРИТЕ И МЕАНЏИИТЕ.

WEB Телевизија во живо

ВО ГЕВГЕЛИСКО СЕ ВЕЛИ: СВЕТИ ТРИФУН СЕЧЕ АМА НА ЛЕТО МИРИСЕ ИЛИ

Според верувањата во Гевгелиско, што ги запишал С. Тановиќ, свети Трифун бил винар и имал многу лозја. Поради тоа што овој крај се наоѓа на југ и пролетта побргу се чувствува се сметало дека од овој празник почнува да мириса на лето па се велело: „Свети Трифун сече ама на лето мирисе“. Од овие причини, на овој ден се започнувала работата во полето, особено во лозјата и бавчите. Жените, пак, на овој ден ништо не работеле особено избегнувале работа со игла. Попладнето оделе во полето каде што береле зелје зашто се верувало дека на тој ден треба да се касне зеленило.

Свети Трифун со векови се слави во православниот свет. Него го слават многу еснафи, а во прв ред се гостилничарите и винарите и лозарите бидејќи станува збор за заштиник на виното и на виновата лоза.

По овој ден зимата полека почнува да попушта , тоа значи дека Свети Трифун на својот празник во земјата боцнува лозово гранче и снегот почнува да се топи. Обичај е на овој ден да се зареже барем едно гранче од виновата лоза и да се залие со вино, за годината да биде родна , а во есен виното да биде слатко.

Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *