СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПЕКИНГ:  РАЗВЕАНО И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ 

WEB Телевизија во живо

На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг во 13 часот по средноевропско време започна спекатакуларната цереминија на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри, која ќе биде панда, популарната мечка чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.

Македонскиот скијач, Дардан Дехари продефилира со македонското знаме на свеченото отворање на Зимските олимписки игри.

На овие игри Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти:

Ана Цветановска (крос-кантри) – ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).

Ставре Јада (крос-кантри) – ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари).

Дардан Дехари (алпско скијање) – ќе настапи слалом/велеслалом (13 и 16 февруари).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *