КАКО ОД БАЈКА: ШВАЈЦАРСКИ ВОЗ ИДЕАЛЕН ЗА РОМАНТИЧНО БЕГСТВО ОД ДЕНЕШНИОТ „ЗОВРИЕН“ СВЕТ!

WEB Телевизија во живо

Линијата е инспирирана од возовите Golden Mountain Pullman Express од 1930-тите, и комбинира антички луксуз со модерна опрема и сервис .

Знам дека е тешко, но барем замислете одмор со сите добри вина и сирења што ги посакува вашето срце, во раскошен винтиџ воз со огромни прозорци. Лизгајќи се низ швајцарскиот пејзаж, поминувате покрај ридови со зелена трева, снежни алпски врвови и стотици прекрасно убави населби.
Оваа железничка рута се вика „Златна пропусница Бел епок“ – тоа е рута од Монтре, град на брегот на Женевското езеро до Цвајсимен, село во близина на Гштад.
 
Внатре, вагоните се украсени со елегантни дрвени облоги, позлатен и шик мебел. Еден од вагоните има дури и винарска визба каде што гостите можат да ги вкусат некои од најдобрите шишиња во регионот.
Двочасовната рута Belle Époque е вклучена во Swiss Travel Pass, а доколку сакате да бидете сигурни дека ќе добиете место, препорачуваме онлајн резервација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *