СТРУМИЧКА ФИРМА ЌЕ ГО ДОГРАДУВА ПАТОТ ДО УМА

WEB Телевизија во живо

Струмичката компанија Портланд ја доби јавната набавка за изградба на дел од патот до населеното место Ума во општина Гевгелија што ја распиша Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а беше дел од проектот за зголемување на туристичката понуда во Југоистокот . Според склучениот договор ќе се врши доизградба на локалниот пат до населеното место Ума во должина од 782,14 метри со кој ќе се овозможи ревитализација на селото, изградба, доградување и доопремување на нови куќи во селото што ќе придонесе кон развој на планинскиот пограничен регион во општината, а ќе се отворат и можности за развој на планинскиот и ловниот туризам.

Целиот проект треба да се реализира во рок од 5 месеци од денот кога струмичката фирма ќе биде воведена во работа на терен.
 
Ова компанија на јавната аукција понудила најниска цена за изградба на патот од 6,7 милиони денари или 109 илјади евра, а во трка за добивање на тендерот биле уште 10 други фирми и тоа од Гевгелија, Струмица, Гостивар, Тетово и Штип.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *