СТЕНД АП КОМЕДИЈА СО АКТЕРКАТА НАДИЦА ПЕТРОВА – ONE WO/MAN SHOW

WEB Телевизија во живо

Дом на култура „Македонија“ го најавува гостување на актерката Надица Петрова , од Независниот театар „ЗлатенЕлец“, со stand up комедијата ONE WO/MAN SHOW.

 Претставата е закажана за 18.02.2022 (петок) со почеток од 19:00 часот во големата сала на народниот театар.

Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 100 денари, а истите може да се подигнат во просториите на Дом на култура (Народен театар). Капацитетот за седење во големата сала на народниот театар е 50%, Независниот театар „Златен Елец“ е уметничко здружение кое го раководат младите невработени актери Бобан Алексоски и Надица Петрова.

 Нашиот порив да создаваме театар посебно во ова време е поттикнат од случувањата што не зафатија на светско ниво. Според нас Уметникот не смее да мирува дури ни во војна.

 Ние како невработени актери цело време всушност сме во криза зашто гледаме да преживееме со својата уметност.

 Идејата е да бидеме театар отворен за сите во секое време кое ќе го промени или ќе донесе ново мислење на младиот човек. Точно е ние сме невработени, но и да не вработат во меѓувреме ние продолжуваме со ангажман на независната сцена на Театар „Златен Елец“ уште повеќе, вели Бобан Алексоски.


Целта е да посочиме светови во време кога само така можеме да избегаме од она што сакаме навистина да избегаме. 

Во театар, а сега секаде е театар. Само замисли. И дојди“, повикуваат младите актери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *