СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕПОРАЧА:ДА СЕ ЗАСИЛИ КОНТРОЛАТА ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖНИТЕ ОПШТИНСКИ И ДРЖАВНИ ОРГАНИ ВРЗ ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ЗА ДОСЛЕДНА ПРИМЕНА НА ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на вчерашната 6-та Седница на Советот на Општина Гевгелија, информираше за мерките за справување со пандемијата од КОВИД-19, донесени на последната седница на Општинскиот кризен штаб. 

Една од тие мерки беше избегнување на масовни собирања во затворени простории за време на изминатите домашни празници и веселби. Исто така, тој информираше и за состојбата во образовните инситутуции во општина Гевгелија, истакнувајќи дека континурирано се следи во координација со надлежните здравствени институции и директорите на гевгелиските училишта. 
 
Советот на Општина Гевгелија, на 6 седница, заклучи да се засили контролата во примената на мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот од страна на надлежните општински и државни органи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *