РАСКО ЧОЧКОВ: АДАПТИРАМЕ ОБЈЕКТ ЗА ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА КУЧИЊА СКИТНИЦИ

WEB Телевизија во живо

НОВАТА ДЕПОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА РАБОТА, А НАЈУРГЕНТЕН ПРОБЛЕМ Е ВИСОКАТА СМЕТКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Во денешното интервју за емисијата „Гевгелиски Магазин“, на ТВ Нова 12, директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков говореше за три актуелни проблеми од делокругот на работа на ова претпријатие.
 
„Долгогодишниот проблем со кучињата скитници, настанат поради негрижата на претходните раководства на нашето претпријатие имаме намера трајно да го решиме во наредниот период, изјави Чочков. За таа цел, при крај сме со формирање на нова организациона единица во нашето претпријатие која ќе се занимава со овој проблем, а веќ адаптираме објект кој е во близина на Пречистителната станица, по сите стандарди на Агенцијата за храна и ветеринарствоа кој ќе служи како прифатилиште за кучињата скитници. 
 
Во првиот момент медицинскиот третман на кучињата ќе го врши ветеринарен оператор, се додека не се создадат услови ние самите, во склоп на новата организациона единица тоа да го правиме.
 
Што се однесува до Новата Депонија, таа веќе трета година како што е предадена за употреба, но, поради нечија негрижа таа беше оставена на забот на времето, рече Чочков. 
 
На средината на јануари направивме проверка на сите системи потребни за почеток на работата на Депонијата, вклучувајќи ја и мембраната, а во присуство на изведувачот и надзорот, при што е констатирано дека таа може веднаш да започне со работа. Сега сме во фаза на подготвителни работи на Старата депонија за вршење на селекција на отпадот како и за изведба на претоварна станица, која ќе биде во дворот на Пречистителната станица, а од каде со камиони отпадот ќе се транспортира до Времената Нова депонија.
 
Во моментот, рече Чочков, за нашето работење најголем товар е зголемената цена на електричната енергија. Ко сметката за декември изнесуваше 960.000 денари, сметката за јануари е релиси пет пати поголема и изнесува 4.300.000 денари. Доколку не се најде некое решение во догледен период посто опасност претпријатието да биде нерентабилно.
 
Затоа, заврши Чочков, бараме решение за овој акутен проблем. Преку нашето здружение за комунални претпријатија интервениравме до Министерството за економија, но до сега немаме никаков одговор.
 
 Исто така дадовме предлог цената на електричната енергија за претпријатијата кои вршат водоснабдување да биде иста како и за домаќинствата, но тешко дека тоа ќе се прифати. Затоа решението го гледам во донесување на едно законско решение со кое цените на водата би останале на сегашното ниво, додека државата би требало да ни го надокнади трошокот за електрична енергија над таа цена. 
 
Останува да видиме како тоа ќе биде решено, за да не се случи она најнепопуларното, а тоа е поскапувањето на цената на водата за домаќинствата.
May be an image of 1 person, beard, sitting and indoor

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *