ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО 60 АКТИВНИ СЛУЧАИ Е НА 10-ТО МЕСТО МЕЃУ 34 ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО КОИ ИМА АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

WEB Телевизија во живо

Според епидемиолошките анализи во моментов во Македонија има активни случаи на Ковид-19 во вкупно 34 општини. Најмногу од нив се во Скопје, 1895, во Битола 191 и во Велес, 158. На оваа табела Гевгелија, со вкупно 60 активни случаи е на 10-то место., Богданци има 19 активни а Валандово 9.
Во Дојран во моментот нема ниту еден активен случај на Ковид-19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Штип и Струга – по 4, Гостивар – 3, Охрид и Богданци – по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.
274369154_1129097017920399_7554585701559497700_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *