ОД ДЕНЕСКА КОВИД-19 РЕШЕНИЈАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ПРЕКУ ВАКЦИНАЦИЈА.МК СО ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

WEB Телевизија во живо

Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за КОВИД-19 вакцинација или за прележан КОВИД-19.

Потсетуваме дека секое лице кое се тестира за КОВИД-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

Woman-Sitting-Alone-on-Couch-Thinking

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *