МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ ГОСПОДИН АГАТАНГЕЛ ЌЕ ГИ ОСВЕТИ ОБНОВЕНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

WEB Телевизија во живо

Во недела, 6-ти февруари 2022 година, Неделата на Закхеј, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе се служи Света архиерејска литургија и ќе бидат осветени обновените административни Црковни простории. Со литургијата, која ќе започне во 8,15 часот, во сослужение со свештенството на Гевгелиското архиерејско намесништво, ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Повардарски, господин Агатангел.

Како што е познато, првата најава на Великиот пост е во неделата во којашто се чита евангелската порака за Закхеј. Желбата на Закхеј била насочена кон вистинското, тој сакал да Го види и да Му се приближи на Христа. Во Закхеј ние го гледаме првиот симбол на покајанието затоа што покајанието почнува со повторното пронаоѓање на длабоката природа на секоја желба: желбата за Бога, за Неговата праведност, желбата за вистински Живот. Закхеј е „мал“, ситен, грешен и ограничен, но неговата желба го надминува и го победува сето тоа. Тој во напор го привлекува вниманието на Христа, Го доведува Него во својот дом.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *