ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕНА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ ВО СОБРАНИЕТО ВО ИНТЕРЕС НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

WEB Телевизија во живо

„Постојното законодавство воопшто не ги заштитува земјоделците, туку е бизнис-ориентирано и единствено ги заштитува трговците и преработувачите. Нашиот закон се концентрира на две работи, изјави  на прес конференцијата пратеникот од Левица во Македонското Собрание, Борислав Крмов.

  1. Со постоечкиот закон, никаде не е предвидена финансиска гаранција од преработувачите и трговците за договорите за гарантираниот откуп кој што е планиран за следната година. Со нашиот закон, тие ќе бидат обврзани да имаат финансиски документ со кои ќе докажат дека ги имаат средствата за да го откупот родот за кој склучиле договор.
  2. Постојниот закон им дозволува пролонгирање на рокот на исплата на трговците и преработувачите до три месеци. Со нашето решение, максималниот рок за исплата на средства на земјоделците се сведува на 30 дена, со можност ако исплатат аванс од 30 посто да им се продолжат до 60 дена. На овој начин конечно ќе се заштитат производителите, односнo земјоделците кои овие 30 години беа оставени на милост и немилост на трговците и преработувачите кои живеат од нивниот труд и мака.”

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *